Забава Избор

ДНК, Наум Петрески и Џамбо Агушев во „Животе брате“ порачуваат: Да запееме, еднаш живееме…

Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Животе брате, дај насмевни се, смилувај се. Да запееме, еднаш живееме… Ова е пораката на дуото ДНК во новата песна „Животе брате“, на која гостуваат и Наум Петрески и Џамбо Агушев.

Песната ја продолжува патеката на претходната „Ако утре ме нема“ со која групата отвори за нив нови музички хоризонти и се обраќа на многу поширока публика во земјата и околината.

– Ова е песна за животот. Пресреќни сме и почестени што две големи македонски легенди ни гостуваат и воедно сме благодарни што прифатија да бидат дел од овој проект, велат Панчо и Андреј.

Лазар Цветкоски повторно се погрижи за аранжманот, текстот е на Панчо, а музиката заедничка на сите музичари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука