Забава Избор

Kings Of Leon го објавија 9. студиски албум „Can We Please Have Fun“

Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната рок група Kings Of Leon го претставува својот долгоочекуван деветти студиски албум „Can We Please Have Fun“, каде во преден план ги ставаат уживањето и забавата во создавањето музика.

Изданието носи девет нови песни, меѓу кои и три веќе добро познати хит синглови – еуфоричната песна „Mustang“ и нежната песна „Split Screen“, како и моќните вокали и гитарски рифови претставени со песната „Nothing To Do“.

Албумот е исто така прво издание на бендот за глобалната етикета Universal Music и прв проект каде членовите на бендот беа вклучени во речиси сите аспекти на работата на албумот.

За време на блескавата кариера која трае од 2003 година, браќата од групата Kings of Leon објавија осум успешни студиски албуми кои им донесоа 20 милиони продадени копии и три престижни Grammy награди.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука