Забава Избор

„Сетнина“, нов сингл за талентираниот стружанец Христијан Миладинов

Охрид, 30. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот и талентиран музичар од Струга, Христијан Миладинов, ја објави неговата нова песна „Сетнина“.

– За брзото изминување на времето, за лекциите кои среќата и тагата ни ги држат секој ден. И дека е во ред да бидеме исплашени додека патуваме кон иста цел, по патеката наречена живот, вели Христијан.

„Сетнина“ е неговата седма по ред авторска песна, снимена во студиото на Димче Китрозоски. Музиката и текстот се дело на Христијан, а пратечките вокали се на Жармена Китрозоска.

За песната стружанецот Миладинов сними и видео спот на локации во Охрид, дело на Номе Боцески и Стефан Стојкоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука