Свет

Исламска држава зароби Кинез и Норвежанец

Исламабад, 10. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Онлајн-списание на Исламска држава објави фотографии на двајца заложници, Норвежанец и Кинез, велејќи дека мажите се „за продажба“.

Оваа екстремистичка група тврди дека тие биле „напуштени“ од нивните држави откако биле киднапирани.

Фотографиите на двајцата мажи во жолти затворски униформи беа објавени во списанието на терористите, Дабик.

Норвежанецот е идентификуван како Оле Јохан Гримсгаард-Офстад, 48, од Осло, а за Кинезот се вели дека е Фан Јингхуи, 50, независен консултант од Пекинг. Не се споменува ништо во врска со тоа каде и кога двајцата биле фатени. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука