Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода пред кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. наум Охридски“

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи денеска, нешто по 13:00 часот во непосредна близина на кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. наум Охридски“, на потегот помеѓу бензинската пумпа на Лукоил и Здружение на возачи.

Според првичните, неофицијални информации, во незгодата учествувале возило и мотоцикл.

До овој момент нема потврдени информации за причините, како и за повредени лица во незгодата во која е предизвикана материјална штета.

Екипи на СВР Охрид извршија увид на лице место и најавија повеќе информации за во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука