Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Овој деликатес е покорисен за здравјето од многу популарни видови здрава храна  

Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Епидемиологот Tim Spector, предизвика реакции кај љубителите на слатки, со тврдењето дека чоколадото може да биде покорисно за здравјето од многу популарни видови суперхрана, како што се боровинките и калинките.

Тој ја опишува чоколадата како потенцијален „херој за здравјето“. Според него, сè доаѓа од процесот на ферментирање, процес кој разложува растението на голем број хемикалии, вклучувајќи полифеноли, кои се од витално значење за нашите цревни микроби. Тој објаснува дека овие полифеноли се како ракетно гориво за вашите цревни микроби.

Spector ја нагласува важноста на полифенолите, кои помагаат во намалување на воспаленијата и потенцијално штитат од болести како деменција и дијабетес. Покрај тоа, тој истакнува дека чоколадото е богато со влакна, што е особено важно бидејќи 90 отсто од луѓето не ги консумираат препорачаните 30 грама влакна дневно.

– Зголемувањето на внесот на влакна за само пет грама дневно може значително да го намали крвниот притисок, тврди експертот, според кого, вкупната содржина на полифенол во какаото ја надминува онаа на популарната суперхрана како бобинките и боровинките.

Тој објаснува дека какаото е богат извор на полифеноли, како што се флаваноли, кои делуваат како ракетно гориво за нашите цревни микроби, поттикнувајќи го растот на корисни цревни бактерии и намалувајќи го бројот на патогени бактерии.

Дополнително, епидемиологот забележува дека чоколадните плочки често содржат емулгатори, па затоа ги советува потрошувачите да ги проверуваат етикетите и да бираат чоколади со најголем процент на какао за да го минимизираат внесот на шеќер и да го зголемат внесот на полифенол и влакна. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука