Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Меѓународен ден на Бошњаците

Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот ден, 28-ми септември се одбележува како Меѓународен ден на Бошњаците.

Бошњаците се јужнословенски народ, кој во најголемиот дел живее на територијата на Босна и Херцеговина, на подрачјето на Санџак во Србија и Црна Гора, во Република Турција, како и во останатите држави кои што настанаа по распадот на бившата југословенска федерација. Водат потекло од средовековните Словени кои што ја населиле тогашна Босна, а се нарекле Бошњани. Со доаѓањето на Османлиската империја Бошњаците масовно го прифатиле исламот. Го говорат босанскиот јазик, а се користат со латиничното и кириличното писмо.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, Меѓународниот ден на Бошњаците, е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница.

Со измените на Законот за празници, на 8-ми февруари 2007 година во македонското Собрание, 28-ми септември е прогласен е за Ден на Бошњаците. Според последниот попис на населението од 2021 година, во Република Македонија живеат 16.042 Бошњаци, односно 0,87 % од вкупното население. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука