Избор Локална самоуправа

Учесниците на Школата за безбедност се сретнаа со градоначалникот Пецаков

Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Учесниците на Школата за безбедност 2024, која е во организација на Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje, во соработка со три факултети од регионот, денеска остварија средба со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– На средбата во моето излагање се осврнав на кризните ситуации со кои се соочувал Охрид низ минатото, како и последната со пожарите. Тука ја истакнав потребата од реформа на системот за реагирање и справување со кризни состојби. Низ дебатата која ја развивме со учесниците произлегоа интересни заклучоци кои со задоволство ќе ги проследам до надлежните. Се радувам секогаш кога преку вакви средби произлегуваат интересни идеи и предлози за унапредување на системот и затоа постојано сум достапен за остварување токму вакви средби, потенцира Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука