Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Гимназијалците и оваа година ја реализираа планинарската тура на Галичица за поддршка на лицата со Мултиплекс склероза

Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на проф. Наум Јамандиев, и оваа година реализираа планинарска тура на Галичица.

– Се одржа традиционална планинарска тура 25 години Галичица 2024, со должина од 24 километри на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид. Гимназијалците излегоа со поддршка на лицата со Мултиплекс склероза, и оваа година во обид да ја подигнеме свеста за оваа категорија наши сограѓани, порача професорот Јамандиев, кој ја раелизираше турата со помош на Жанко ЗШ Голабоски.

Планинарскиот марш е веќе традиционален и се реализира во рамките на вонучилишните активности и проектната активност „планинарење“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука