Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и постудено време со умерена облачност и температура до 19. степени

Охрид, 30. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и постудено време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северoзападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.

– Времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. До четврток ќе се задржи пониска утринска температура, а потоа ќе се покачи. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука