ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Повеќе од 250 глисери, јахти и бродови во каналот „Студенчишта“, вредни се неколку милиони евра

Охрид, 30. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека пловните објекти кои во моментов се наоѓаат во каналот „Студенчишта“ во Охрид „тежат“ најмалку два до три милиони евра е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Екипата на OhridPress деновиве изброи повеќе од 250 пловни објекти – глисери со разни големини, помали јахти, катамарани и бродови, како и педесетина кајчиња кои се наоѓаат во каналот. Оваа бројка во текот на летните месеци беше далеку поголема, а по завршетокот на сезоната, голем број од овие пловила се или однесени во посебни објекти за чување за време на зимската сезона, или се чуваат од страна на сопствениците.

Читателите на OhridPress уште еднаш потсетуваат на потребата за посебен простор – марина, каде ќе можат соодветно да се чуваат пловните објекти, со сите еколошки стандарди, нормално снабдување со гориво и се’ останато што е потребно за одвивање на овој вид сообраќај. Се предлага и воведување на „данок на луксуз“ за сите кои сакаат да имаат вакви пловни објекти во езерото, а според дел од читателите, голем дел од овие пловни објекти не се од лица кои живеат во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука