Забава

Концерт на Дамјан Пејчиноски Трио во Скопје

Охрид/Скопје, 15. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти февруари во Скопје ќе се одржи концерт на музичкото трио Дамјан Пејчиноски Трио.

Концертот ќе се одржи во Кино Фросина, а како што информираат членовите од бендот, концептот е сличен на првиот концерт, кој се одржа минатата година. Наменет е за сите оние кои не успеаа да го проследат првиот ваков настап на бендот.

Гитаристот Пејчиноски ќе го придружуваат Горан Гешоски на бас гитара и Стефан Миладинов ритам гитара.

Билетите се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари.

Почетокот на концертот ќе биде во 20 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука