Избор Струга

И лебедите протестираат против уништувањето на Охридското Езеро

Струга, 1. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Нова герила акција во Струга против уништувањето на крајбрежјето. Од утрово во езерото пливаат „лебеди“ кои протестираат со транспаренти на кои пишува: „Сакаме езеро“, „Имаме право на живот“, „Нема трска, нема мир!“, со што се алармира на опасноста за уништување на еколошката целина.

– Еколозите и невладините веќе со месеци предупредуваат дека мегаломанските планови на Владата за урбанизација на брегот на Охридското езеро и на Националниот парк „Галичица“ ќе предизвикаат уништување на животната средина и неповратни негативни последици врз биолошката разновидност на езерото, јави А1он.

Охридското Езеро и градот Охрид имаат статус на Светско културно и природно наследство во УНЕСКО, а Националниот парк „Галичица“ е дел од светската мрежа на биосферни резервати. (Крај)

извор: А1он фото: А1он

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука