Спорт

Женската ракометна репрезентација ќе игра квалификации за влез во баражот за СП

Торшавн, 1. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Женската ракометна репрезентација денеска замина за Торшавн каде наредните денови ќе се одржи квалификацискиот турнир за настап во баражот за пласман на Светското првенство во Германија 2017 година.

Утре нашите ракометарки се среќаваат со домаќинот Фарски Острови, а почетокот на мечот е закажан за 21 часот. Во сабота ќе играме против Австрија додека в недела се среќаваме со Исланд.

Настап во баражот ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации на турнирот.  (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука