Избор Охрид

Спомен плоча во чест на научникот, донатор и добротвор – Михајло Пупин

Охрид, 7. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска,  на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Охрид Св. Климент Охридски – Чудотворец, беше откриена информативна спомен плоча во чест на донаторот  на црковното звоно – Михајло Пупин.

Плочата е донација на невладиното здружение Лионс клуб „Лихнидос“ од  Охрид, додека пригодната мермерна плоча пред камбанаријата, ја откри еден од потомците на Пупин.

drvokodzedik1Професор д-р Павле Митрески, еден од најголемите истражувачи на Пупин, кого го нарекуваат татко на глобализацијата, докажува дека коренот на Пупинови потекнуваат од местото Скочена, во близина на ресенското село Грнчари. Овој податок е зачуван како запис во турски тефтер од 1568 година.

– Потомците од преспанско му се селат во Нича, Албанија, а оттаму во Струшко Горна и Долна Белица и Вевчани, и на крај се задржуваат во Идвор, Банат, кај Панчево, вели д-р Митрески.

mihajlopupinohridПупин бил пријател со американскиот претседател Вудро Вилсон. Ја напишал Декларацијата за заштита на правата на малите народи. На Париската мировна конференција бара по секоја цена Македонија да добие автономија. Записот го поседува Митрески.

Михајло Пупин во 1914 година, во рамките на САНУ, ја формирал фонадацијата „Олимпија Пупин“ и давал голема помош на сиромашни деца од тогашна Вардарска Македонија, меѓу кои имало и ученици од Охрид. Помогнал во изградбата на училиштето во стариот дел од Охрид каде што денеска е сместена музејската администрација, а ја изградил и камбанаријата во црквата „Света Богородица Перивлепта“ попозната како „Стар Свети Климент“, за која го донирал тогаш најголемото ѕвоно на Балканот.

natpiszvonopupinПодарил уште едно ѕвоно, кое и денеска постои во Битолско под Кајмакчалан во знак на почит кон сите загинати Македонци на Солунскиот фронт.

spomensobavevcaniспомен собата на Пупин во Вевчани

Српските научници никогаш не го негирале вевчанското потекло на Пупин. Претседател на Српската академија на науките, Никола Хајдин, при посетата на Вевчани вети донација – биста од Пупин. МАНУ и САНУ заеднички го афирмираат делото на Михајло Пупин, светскиот великан од областа на физиката и електрониката, за што во Вевчани, каде му е подигната Спомен соба во 2008, одржаа заедничка тркалезна маса.

mihajlopupinСамиот Пупин бил член на повеќе академии на науки и уметности во светот, претседател на Американската академија на науките во Њујорк и член на Српската академија на науките и уметностите. За своите научни откритија посмртно ја добил и Пулицеровата награда во 1924 година.

– Пупин бил свесен за своите македонски корени и често нагласувал дека неговите родители потекнуваат од Охридската околија, од западната страна на Охридско Езеро. Тоа се гледа и преку фондот од 100.000 динари, кој го формирал во Охрид за помош на сиромашните. Во словенечката престолнина Љубљана нарачал да се излие најголемата камбана на Балканот, која и’ ја подарил на охридската црква „Света Богородица Перивлепта“, вели историчарот Митрески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/ФБ: Охрид Слики Од Минатото/архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука