Избор Охрид

Пролет во декември во Охрид (Фото)

Охрид, 8. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот празничен ден Охрид го поминува во вистинско пролетно време и идеални температури за прошетки покрај езерото.ohrid0812162ohrid0812163

Охриѓани, но и гостите, пријатните десетина степени  и неработниот ден ги искористија за дружба во кафе баровите и рестораните. И денес се бараше место повеќе во „Објектиф“, „Ноа“ и останатите популарни локации на брегот на Охридското Езеро.

ohrid0812164ohrid0812165Метеоролозите за наредните денови најавуват дека ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури.

– Во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на магла. Позначителен пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста и опаѓање на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука