Избор Култура Охрид

Дамјан Пејчиноски Доцент на Музичката Академија во Скопје

Охрид, 22. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот и македонски врвен гитарист и професор, Дамјан Пејчиновски ја доби титулата Доцент на Музичката Академија во Скопје.

– Имав долга процедура околу нострифицирањето на мојата магистерска диплома, па затоа морав да чекам полни 5 години за да ја добијам оваа титула. Сега ќе можам и официјално да бидам дел од Академијата, вели за Супер радио Пејчиновски.

damjanpejcinovskiДамјан Печиновски важи за еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство напишано со многу странски настапи е верен доказ дека Македонија има млади таленти кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња. На сцената секогаш плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.

Со гитарата другарува од својата шеста година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“.  Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата – гитара „Јамаха“ лично му ja додели маестро Влатко Стефановски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука