Избор Празници

Зачнување на Св. Ана

Охрид, 22. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9-ти декември. Православните христијани го слават денот посветен на Св. Ана, односно нејзиното Зачнување.

Денес Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог.

Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, Светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци. (Крај)

извор: МПЦ ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука