Спорт

Ешли Јанг го напушта Манчестер јунајтед

Манчестер, 22. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите од Англија информираат дека фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ешли Јанг, ќе го напушти тимот од „Олд трафорд“ во текот на зимскиот преоден рок.

Под водство на менаџерот Жозе Мурињо тој има мала минутажа и додеха настапи само на четири натпревари, па се поизвесно е неговото заминување од клубот.

Интерес за неговите усули постои од Ватфорд, Вест Хем, Евертон, Барнли, Хал и од Свонси, кои во јануари ќе се обидат да го ангажираат Англичанецот во своите редови. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука