Спорт

Токио ги намалува трошоците за организирање на ЛОИ 2020 година

Токио, 22. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Организациската комисија на ЛОИ во Токио во 2020 година соопшти дека трошоците за организацијата на оваа спортска манифестација ќе изнесуваат меѓу 13 и 15 милијарди долари.

Според претседателот на комисијата, Џон Коутс,оваа сума е пониска од првично проектираните 17 милијарди долари и за медиумите изјавил дека очекува организаторите да направат дополнителни напори за да ги намалат трошоците.

Јапонската влада предупредила дека буџетот за ЛОИ 2020 може да биде пробиен и да достигне до 30 милијарди долари доколку не се намалат трошоците кои се зголемија поради обновата на Јапонија по земјотресите и цунамито во 2011 година. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука