Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведени две лица од Пештани поради незаконит риболов

Охрид, 16. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти декември 2019 година, во 18:05 часот, на брегот на Охридското Езеро кај населбата „Лагадин“, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода 38-годишниот М.П. и 28-годишниот Н.Г., двајцата од охридското село Пештани, поради незаконит риболов.

– Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени: уловена риба охридска белвица, четири рибарски мрежи во различна големина, како и друга риболовна опрема. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука