Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и потопло време со умерена облачност и температура до 13. степени

Охрид, 17. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес по котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо, облачно и постудено. Во останатите подрачја ќе биде сончево и потопло.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени.

– До четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Во текот на ноќта кон петок ќе има локални врнежи од дожд, а во петок се очекува умерен јужен ветер и расчистување на маглата. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има за време на викендот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука