Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин на сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид поради минирање

Охрид, 27. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување градежни работи, денес во периодот од 12:00 до 15:00 часот на патниот правец Кичево-Охрид ќе има прекин во сообраќајот.

Поради минирање на потегот од Пресека до село Врбјани, сообраќајот ќе биде делумно во прекин додека се врши минирањето.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има само во Крива Паланка, но без проблеми во сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука