Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Се запали патничко возило на локалниот пат кај струшко Лабуништа

Струга, 5. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти февруари 2020 година, во 20:30 часот, во Полициската канцеларија во Велешта бил пријавен пожар во патничко возило на локалниот пат пред струшкото село Лабуништа.

– Од извршениот увид констатирано е дека пожарот настанал во патничко возило „Шкода“ со струшки регистарски ознаки кое било во движење а управувано од страна на 27-годишниот Н.Ј. од селото Лабуништа. Пожарот е изгаснат од Територијалната против пожарна единица Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука