Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде риба, мрежи и друг алат, се бараат сторителите на казненото дело „незаконит риболов“

Охрид, 5. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти февруари 2020 година, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското Езеро, полициски службеници пронајдоа и одзедоа две вреќи со 52 парчиња уловена риба пастрмка, 11 риболовни мрежи како и друг риболовен алат и прибор.

– Тие се предадени во Хидробиолошки завод Охрид а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на казненото дело „незаконит риболов“ по што, ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука