Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храна во Охрид

Охрид, 2. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи Меѓународниот конгрес за квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам, хигиенско инженерство и дизајн – NUTRICON 2020.

На конгресот кој се одвива во соработка со Eвропската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG) и Иницијативата за глобална хармонизација (GHI) ќе присуствуваат научници, истражувачи, професори и експерти, кои работат и дејствуваат во областите на производство и преработка на храна, квалитет и безбедност на храна, исхрана, здравје, нутриционизам, хигиенско инженерство и дизајн и најновите трендови и технологии во прехранбената индустрија.

Ќе се дискутират повеќе теми, меѓу кој и за производство и преработка на храна, прехранбено инженерство и држливост. Ќе се дебатира и за анализи на храна, микробиологија, хемија и биохемија на храна и сензорни својства на храна, односно за клиничкото здравје и исхрана, за јавното здравје и нутритивната епидемиологија и др. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука