Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Донев: Наша должност е да му го покажеме патот на Заев кон темната страна на историјата

Охрид, 2. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дали ние како генерација го заслужуваме сето ова што ни се случува, запраша на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

-Ако им забележувавме на нашите родители дека не биле доволно храбри да ги заштитат фабриките од болната транзиција, нас ќе нѐ обвинуваат нашите деца дека не сме биле доволно храбри да го одбраниме она што остана од Македонија и сме биле причина да си го бараат чарето надвор од неа. Токму затоа нема назад, мора да бидеме мудри, да делуваме мудро. Да се бориме и да се обединиме, за заедно да го спречиме злото кое Заев и тие околу него и го имаат спремено на Македонија и само го чекаат правиот момент за да го испорачаат последното предавство. Затоа наша должност е да му го покажеме патот на Заев кон темната страна на историјата! Оставка на Заев, слобода на народот, истакна Донев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука