Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со локални врнежи од дожд и температура до 10. степени

Охрид, 3. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 10. степени.

– За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и потопло, а локални врнежи од дожд ќе има во јужните делови. Во недела до крајот на денот врнежите ќе се прошират низ целава земја и ќе бидат пообилни, особено во текот на ноќта и во понеделник претпладне. Во недела ќе дува засилен југоисточен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука