Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на Трпејца фатен со 143 парчиња белвица и осум рибарски мрежи

Охрид, 3. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, полициски службеници од СВР Охрид на брегот кај плажата „Акапулко“, го лишиле од слобода А.Б.(38) од охридското село Трпејца, поради извршен незаконит риболов во водите на Охридското Езеро.

При преглед на пловниот чамец, пронајдени се 143 парчиња риба белвица, осум рибарски мрежи и друг риболовен алат, кои се предадени на Хидробиолошкиот завод.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука