Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Две лица физички нападнале стружанец на улицата „Пабло Неруда“

Струга, 20. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти март 2021 година во 15:20 часот во полициската станица Струга било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Пабло Неруда“ во Струга.

– Пријавен е физички напад извршен од страна на 23-годишниот В.М. и 46-годишниот А.М. врз 22-годишниот Ф.З., сите од Струга. Против напаѓачите, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука