Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Опожарена трска во близина на Калишта

Струга, 20. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти март 2021 година во ОВР Струга пријавен е пожар на езерска трска на брегот од Охридското Eзеро, на потегот од Струга кон селото Калишта.

– Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Од извршениот увид, констатирано е дека била опожарена трска на површина од околу 3.000 метри квадратни на езерскиот брег, како и околу 5.000 метри квадратни сува трева на приватна парцела, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука