Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Пролет ги однесе трите бода на гостувањето во Охрид

Охрид, 20. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Пролет ги однесе трите бода на гостувањето во Охрид во 10-то коло од плејофот во ракометната Супер лига, победувајќи со еден гол разлика (21-22).

За победата на гостите пресуден беше погодокот на капитенот Ласко Андоновски во завршницта на натпреварот. Најмногу погодоци, седум, во нашиот состав постигна Манасков.

За „гладијаторите“ ова е петти пораз во разигрувањето и се чини ги загубија шансите за излез во Европа следната сезона.

Во следното коло Охрид гостува кај Металург. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука