Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид објавува повик за обука за спасители на отворени води

Охрид, 20. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води.

Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2021 година.

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

– Да се на возраст од 18 до 35 години (да достават соодветен доказ (извод на родени, лична карта)
– Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
– Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа

Повикот трае од 20-ти мај до 15-ти јуни 2021 година, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 52, Охрид, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, на телефоните 046/261-909 и 070/315-309 или со пополнување на пријавата на линкот.

На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман на соодветни капалишта во летната сезона 2021. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука