ЕКОЛОГИЈА Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за две лица од Велешта поради узурпација на 1.372 м2 државно земјиште и насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро

Струга, 20. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот Е.К. и 40-годишниот В.К., двајцата од струшкото село Велешта.

– Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското езеро во Струга, на 3-ти март 2021 година, ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост. Притоа, узурпирале 1.372 метри квадратни државно земјиште, а со насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро извршиле загадување на водите, уништивање на трската и на езерскиот биодиверзитет, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука