Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Успешно прво издание на струшката „Трка на поезијата“

Струга, 23. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението „Спортски мостови“, под мотото „Трчаме рецитираме“, денеска во Струга се одржа првото издание на „Трка на поезијата“ на која учествуваа 620 натпреварувачи.

Организаторите се задоволни од настанот, кој првпат по три децении се одржа на струшките улици на пет и на 10 километри.

– Поминавме одлична трка, со оглед на фактот дека по 30 години првпат се организира трка во Струга. Коментарите се позитивни и кај учесниците, но и меѓу стружани. Доследно се почитуваа и препораките за заштита од COVID-19, изјави Мими Стојаноска од Здружението „Спортски мостови“.

Победник на 10 километарската траса беше Милош Ранчиќ во машка и Билјана Караџиева во женска конкуренција, втори беа Миомир Алексовски и Весна Караџиева, а третото место им припадна на Александар Караџиев и Сандра Арсовска.

На пет километри победници беа Христијан Ивановски во машка и Николина Милевска Вељановска во женска конкуренција. Атанас Епов и Екатерина Кукоска беа второпласирани, а трети до целта стигнаа Грегоријан Никовски и Славица Игнатовска. (Крај)

извор: МИА фото: Охрид1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука