COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

37 нови случаи на COVID-19, во Охрид нема новозаболени, регистрирани 3 оздравени лица

Скопје, 23. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, при што се регистрирани 37 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 20
• Кичево 4
• Велес 3
• Тетово и Виница по 2
• Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица по 1

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 3 лица од Битола (70, 71 и 79 години), по 2 лица од Скопје (64 и 75 години), Куманово (61 и 78 години), Тетово (58 и 60 години) и Прилеп (63 и 69 години) и по едно лице од Струга (83 години), Гостивар (66 години), Велес (73 години) и Штип (60 години).

Регистрирани се 69 оздравени пациенти од:

• Битола 15
• Скопје 13
• Струга 6
• Кичево 5
• Куманово 4
• Охрид 3
• Виница, Свети Николе, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Ресен по 2

• Велес, Тетово, Струмица, Кочани, Радовиш, Македонска Каменица, Прилеп, Неготино, Делчево, Демир Хисар и Македонски Брод по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука