Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро

Охрид, 23. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на велосипедското здружение Macedonia bike riders, денес со велосипед се извозеа 92 км околу целото Охридско Езеро од страна на 80 велосипедисти, ентузијасти кои преку својот пример сакаа да ги пренесат спортски и хуманитарни вредности.

Велосипедистите безбедно и успешно ја завршија турата и од 16:30 часот почнаа да пристигнуваат на завршната линија кај Спортската сала „Бикјанини извори“ во Охрид, од каде и тргнаа утрово во 09:30 часот.

May be an image of one or more people, people standing, bicycle and outdoors

Целта на оваа Хуманитарна велосипедска тура е да се поттикнат сите граѓани како на физички активности, така и на хуманитарни, со тоа што секој граѓанин може да ја поддржи мисијата на настанот со донирање на финансиски средства за децата поддржани од СОС Детско село.

Подмотото „Ние ќе возиме, Вие донирајте“ сите можат да донираат на следниот линк.

– Бидејќи сите деца се наши деца, се затвори денешниот настан, а донациите се добројдени во секое време, бидејќи целта е да собереме средства за летен одмор за децата без родители и родителска грижа згрижени од СОС Детско село. Лесно е да чиниш добро, кога многумина помагаат, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука