Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар зафати трска во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Охрид, 23. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево на крајбрежната линија Охрид-Подмолје, во близина на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ избувна пожар во кој била опожарена трска.

Од Територијалната противпожарна единица од Охрид информираа дека 2 екипи делувале во справувањето со пожарот, кој бил комплетно ставен под контрола околу 20:00 часот.

Пожарот настанал во делот на трската, на линија со стариот пат за Струга. Освен трска, со пламените јазици биле зафатени и трева и ниска вегетација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука