Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде рибарски мрежи со нелегален улов во Охридското Езеро кај селото Радожда

Струга, 25. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 21:00 часот на 24-ти мај до 02:00 часот на 25-ти мај 2021 година, полициски службеници од СВР Охрид при вршење редовна контрола, на 30 метри од брег на плажа во Струга пронашле рибарски мрежи со улов на риба.

– Риболовниот алат и рибата биле подигнати и однесени во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука