Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид загуби од Ренова со 3-2 во пенал завршница и не се пласира во Првата фудбалска лига

Скопје/Охрид, 25. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Ренова преку пенали стигна до победата против охридските сино-бели попладнево во Скопје со што нашите најдобри фудбалери не се пласираа во Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалерите на Охрид загубија со 3-2 по ударите од белата точка, а беа толку блиску до Првата лига откако водеа се’ до 89. минута на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Ренова стигна до 2-2 во регуларниот дел, по што преку пеналите го спасија прволигашкиот статус. (Крај)

извор: Екипа фото: Екипа

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука