ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Повеќе од 20 дена во Штутгарт, Германија е исчезната Охриѓанката Наташа Совраноски

Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полни 20 дена, од 2. септември 2024 година, се води како исчезната Наташа Совраноски, 25-годишна жена по потекло од Охрид, која живеела во Штутгарт, Германија.

Младата жена живеела заедно со партнерот и нивната едногодишна ќерка, која ја оставила со таткото и заминала во непознат правец. Веста за нејзиното исчезнување најпрвин ја сподели нејзиниот партнер на социјалните мрежи посветени на дијаспората. Инаку, тој е Германец, и за „Фокус“ минатата недела раскажа дека му е потребна помош во пронаоѓањето на Наташа.

Таткото на Наташа пак, Милчо Совраноски, кој живее во Охрид, за истиот извор тогаш изјави дека смета како целата работа со објавата на апелот е избрзана. Според него, таа најверојатно заминала по своја волја, бидејќи имала проблеми со партнерот.

Како што раскажа таткото, Наташа била вработена како обезбедување, била зрела личност, и според него, самата заминала некаде без да каже, со намера да се среди, па потоа да си ја земе и ќерката. (Крај)

извор: Вики Клинчарова/Фокус фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука