Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Фестивал Аларм 2021 во Охрид, два дена со 40 македонски музички артисти пред Илинден

Охрид, 27. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Македонија сака, Македонија може и Македонија има музика за дводневен стадионски фестивал, порачуваат организаторите на фестивалот Аларм 2021.

– На 31-ви јули и 01. август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, за прв пат во историјата на независна Македонија, а во предвечерјето на големиот национален празник Илинден ќе прославиме со повеќе од 40 македонски музички артисти, додаваат од Аларм.

Наскоро ќе се објават имињата на годинешните изведувачи, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, на 01. јули 2021 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука