АМСМ: Градежни активности на патниот правец Ресен-Охрид преку Галичица
Охрид, 28. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека на регионалниот пат Р-2332 Ресен-Охрид (преку Галичица) врши градежни работи чистење на банкини, косење и кастрење на гранки.
Работите се вршат на делот од Цараина до Трпејца.
На овој патен правец секоја година се воведува забраната за движење која стапува на сила на 15-ти ноември и важи до 1-ви април следната година.
Години наназад забраната за сообраќај во овој период од годината стана пракса, а од сезона во сезона Галичица станува се’ поатрактивна за вљубениците во планинарењето, односно алтернативните форми на туризам. Секоја зимска сезона, освен што е проблем чистењето на снегот и одржувањето на овој патен правец, истиот е сообраќајно небезбеден.
Стручните лица, но и рекреативците во повеќе наврати потсетуваат за ваква состојба, патот е тесен, со остри кривини и на делови уништена заштитна ограда. Но, засега никој не презема одговорност, ниту конкретни чекори за санирање на состојбата. (Крај)
извор: АМСМ фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |