Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со мала облачност и температура до 32. степени

Охрид, 28. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.

– Продолжува периодот на сончево и многу топло време, од утре до четврток повторно со температури до 40-тиот степен. Од средината на работната седмица ќе има услови за краткотрајна попладневна локална нестабилност, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука