Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала облачност и температура до 33. степени

Охрид, 29. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 33. степени.

– До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен. Согласно очекуваните вредности на температурата, утре насекаде ќе биде активирано жолто ниво за опасност од високи температури. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука