COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Денес се дистрибуира, од утре вакцинација со кинеската „Синовак“

Скопје, 29. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе биде дистрибуирана во центрите за имунизација, а од утре почнува вакцинацијата со кинеската вакцина „Синовак“. 

500 000 вакцини на кинескиот производител „Синовак“ што ги набави Владата пристигнаа во неделата, а ова е најголема пратка вакцини пристигната во земјава.

Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека со ова се спремни за една динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15-ти или 20 -ти јули е предвидено да започне теренската вакцинација.

– Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки, како и кај други возрасни лица,вели Филипче.

Вакцината е доста безбедна и ефикасноста се движи помеѓу 56 и 78%. Истата е препорачана од страна на СЗО и веќе неколку земји во светот ја користат. Очекуваме и интересот на граѓаните особено по појавувањето на делта сојот односно индискиот сој да се зголеми. Втората доза се дава помеѓу 14 и 28 дена и во нашите протоколи ќе биде избран 21 ден односно на три недели ќе се аплицира втората доза, рече претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова.

Епидемиолошката ситуација во државата е стабилна и само мал број пациенти се лекуваат во болниците. Министерот Филипче вели, доколку продолжи овој тренд би можело да се случи во август или на почеток на септември годинава да се прогласи крај на епидемијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука