COVID-19 Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Изготвен е сертификат за прележан COVID-19, може да се извади и преку „Мој термин“

Скопје, 29. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните за патување во странство може да извадат и сертификат доколку прележале COVID-19, информира министерот за здравство Венко Филипче.  Оваа можност веќе од вчера ја нуди системот Мој Термин. Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk.

Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR код. Заверен е со дигитален печат на Министерството за здравство.

Според податоците од Институтот за јавно здравје во Македонија од почетокот на пандемјата се регистрирани 155.676 заразени лица, излечени се 149.967, починаа 5.484, а во моментов има 225 активни случаи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука