Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот

Скопје, 30. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од утре се укинува роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу земјите од Западен Балкан.

Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, започнуваат да го спроведуваат договореното од Вториот дигитален самит од 2019 година.

Од Агенцијата за електронски комунукации (АЕК) за МИА изјавија дека се завршени сите чекори за разговори, пораки и пренос на податоци без тарифирање во роаминг.Почнувајќи од утре се предвидува напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар (Roaming Like At Home). Тоа значи дека корисниците на роаминг-услугите во земјава од утре нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на Спогодба, без разлика дали станува случај за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот.

Конечно кога ќе ја преминувате границата нема да мора да се грижите и да брзате да го исклучите интернетот бидејќи и ќе користите по исти цени како да сте дома. Останува да се грижите единствено дали во е доволно полна батеријата. Токму со ова мото само наполни ја батеријата – роамингот е бесплатен утре во Отешево ќе се одржи промотивен концерт на познати групи и диџеи од сите земји од западен Балкан со кој ќе се означи почетокот на евтините разговори и можностите за поголема соработка помеѓу земјите од западен Балкан и европската унија

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот почнува од четврток.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука