Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Екипно првенство на Македонија во шах за 2021 година во Охрид

Охрид, 4. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е домаќин на Екипното првенство на Република Македонија во шах за 2021 година.

Натпреварите од Втора лига – Екипно првенство – мажи и Втора лига – Екипно првенство – жени за 2021 година се одржуваат од 3-ти до 6-ти јули во хотел „Метропол“, со Градскиот шаховски клуб „Куманово 1“ од Куманово како технички организатор.

На Екипните првенствата за 2021 година во Втората лига мажи учествуваат Шаховските клубови: „Шкупи“ од Скопје, „Шкендија“ од Тетово, „Шах Шех“ од Битола, „Неготино“ од Неготино, „Фишер“ од Куманово, „Ласкер“ од Охрид, „Теута“ од Липково, „4 Ноември“ од Битола и „Струга“ од Струга.

Натпреварите се играат во две групи од по пет екипи по Бергеров систем, најдобрите две од секоја група продолжуваат, формирајќи финална група од која најдобрите две екипи се пласираат во Првата лига за Екипното првенство – мажи за 2022 година.

Во Втората женска лига учествуваат Шаховските клубови: „Гостивар“ од Гостивар, „Стево Патако“ од Битола, „Неготино“ од Неготино и „Карпош“ од Скопје. Натпреварите се играат по Бергеров систем, а најдобрите две екипи се пласираат во Првата лига за Екипното првенство – жени за 2021 година.

За ШК „Ласкер“ од Охрид настапуваат: Даниел Андреески, Александар Алексовски, Филип Неделкоски, Константин Лушески, Никола Николовски, Јулиан Матески, Стефан Матески, Даниел Нунески и Драган Матески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука