COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Веќе деветти ден нема новозаболени лица од Covid-19 во Охрид

Охрид, 4. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните бројки на Министерството за здравство на Република Македнија, веќе деветти ден нема новозаболени лица од Covid-19 во Охрид.

Според последните, официјални информации на Министерството за здравство на Република Македонија, во текот на последните 24 часа се направени 3.028 тестирања, при што се регистрирани 6 нови случаи на COVID-19. Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.

Подобрената состојба со новозаболени лица резултираше и со олабавување на мерките. На предлог на Министерството за економија, Владата на Република Македонија од 1 јули се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот. Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

Комисијата за заразни болести утре ќе треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој веќе се рашири низ Европа, и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука